Start BKS Мери Дисоски: „Ние жените воопшто не сме рамноправни, како што се мисли...
ИНТЕРВЈУ

Мери Дисоски: „Ние жените воопшто не сме рамноправни, како што се мисли дека сме”

(FOTO: Karo Pernegger)

Мери Дисоски е пратеничка во Националниот совет, Претседател на жените во партијата на Зелените (die Grünen) и заменик на претседател на парламентарниот клуб. КОСМО разговараше со оваа политичарка, со македонско потекло, за нејзината политичка кариера, како и целите во политиката на жените.

КОСМО: Вие како дете на гастербајтери израснавте во Австрија. Колку тоа имаше влијание на Вашата политичка кариера?
Мери Дисоски: Потеклото на мојата фамилија имаше големо влијание, особено во времето на школувањето. Кога во четврто одделение, како најдобра во класот, и реков на директорката дека ќе го продолзам школувањето во гимназија, ги повика моите родители и им рече: „Вашата ќерка е дете на гастербајтери, тие деца одат во основно училиште, потоа во некое средно, насочено училиште, и тука завршува нивното школување.“ Тоа искуство со „рано дискриминирање“ имаше големо влијание на мојот животен пат. Не случајно, веќе 20 години сум ангажирана политички, во мојата професија и доброволно, против анти-дискриминација, рамноправност и право на школување.  

Вашата политичка работа е посветена на рамноправност на жените и Вашата цел е „рамноправност на жените на сите полиња“. Какви мерки конкретно треба да се превземат, по Ваше мислење, за остварување на истото?
Иако е апсурдно во една средноевропска земја, во 2021 година, да формулираме еднаквост на жените како политичка цел, за жал е апсолутно потребно. Корона-кризата показа, за жал, дека ние жените воопшто не сме рамноправни, како сто се мисли дека сме. Жените стојат во првите редови во борба со вирусот, во медицината, стопанството, продукцијата,негата и хигиената. Во просек заработуваат до 20% помалку од колегите од машкиот пол. Истовремено жените работат повеке часови дневно на воспитување на децата, негување на членови на фамилијата, домашни работи – без надомест. Кога жените, за истата работа заработуваат помалку од колегите од машкиот пол и воедно работат повеќе часови без парична надокнада, не ретко стануваат сиромашни во подоцнежните години. Значи, нас ни е потребна фер заработувачка, вреднувања на професиите со висока застапеност на жените, и фер распределба на работата меѓу жените и мажите, која не се надоместува парично. Јас исто така ја подржувам квотата за жените. Како е можно, 45 од 58 претпријатија во Австрија, да немаат жена  во своето раководство,а имаат повеќе  грдоначалници со име Јосеф? Гледате, имаме уште многу работа на тема рамноправност!  

Јазот во платите меѓу мажот и жената во Австрија е се уште висок, 19,3% заработува жената помалку од мажот, за истата работа. Какви мерки се неопходни да се намали разликата, или платите потполно да се изедначат?
Постојат неколку методи за разрешување на ситуацијата. Една од главните е задолжителна транспарентност на платите: претпријатијата требаат да им кажат на вработените колку пари се заработуваат за одредена позиција. Ваквите извештаи се веќе пракса во повеке држави, а огранокот за економија на Народната странка, ја блокира истата со децении. Во рамките на коалицијата, водиме разговори на оваа тема, и се надевам дека во владата на најмладиот канцелар во историјата, конечно ќе престане оваа назадна политика.

„Кризата показа, за жал, дека ние жените воопшто не сме рамноправни, како што се мисли дека сме”

Од септември 2020 сте претседателка на жените во рамките на Вашата, Зелената партија. Која цел ја зацртавте за себе во Вашата позиција, и како планирате да ја остварите?
Фокус на мојата работа, како председателка на жените, лежи во јакнењето на економската независност на жените. Конкретно се работи за рамноправни плати, зошто не е праведно жените да заработуваат 20% помалку од мажите. Во Данска, веќе од 2007 година е донесен закон, према кој, претпријатијата се должни јавно да ги прикажат платите. Веќе после првата година, јазот помеѓу платите во данските фирми се намалил за 7%. Ова е нешто што сакам да го постигнеме и во Австрија. Освен тоа ми е важно да изградиме што повеќе места за дневен престој на децата на вработените во Австрија. Оваа понуда на територија на целата држава, вклучувајќи ги и руралните подрачја, е предуслов за компатибилност на фамилијарниот живот и работата. На овој план, ги превземавме првите важни чекори во минатата година.   

Втора важна точка е, засилени права на репродукција на жената. На жените често им е ускратено правото на самоопределување , кога е во прашање нивното тело, а десничарските конзервативни политичари и црквата создаваат алијанси кои често не се свети. Актуелно тоа се случува во Полска, каде абортусотод пред кусо време е забранет. Жените кои несакајки останале бремени, се принудени на илегалитет, бидејки несаканата бременост, може брзо да стане опасна ситуација за нивниот живот. И во Австрија постои лоби, кое се залага за забрана на абортус, а припага на религиозното крило на народната странка (ÖVP). Ние, Зелените, сме против тоа, и нема да се откажеме од тешко здобиеното право на самоопределување т.е.на абортус. Моето тело – моја одлука и точка.

Една понатамошна цел на Вашата работа во женската политика е јакнење на заштитата од насилство. Секоја петта жена во Австрија, веќе била жртва на насилство во фамилијата, и во време на пандемијата е силно зголемено. Што е веќе сторено и што треба да се направи за подобра заштита на жената?
Неуспесите на минатите влади, оставија тешки последици. Во минатите десет години, заштитата од насилство над жените, немаше приоритет во рамките на владите на СПÖ-ÖВП и ÖВП-ФПÖ. Тоа се смени со тоа што значајно ги зголемивме средствата за таа намена – во Министерството за жени за цели 43% во рок од една година. Во минатата година ја засиливме структурата за заштита од насилство на жените во Австрија, што беше навистина неопходно. Конкретно, на пример, во почетокот на пандемијата, се воспостави телефонска линија за помош на жените кои се жртви на насилството, зголемена е понудата на онлине советување, како и буџет за советувалишта за жени и девојки, и покрената е работа за заштита на жртвите од сторителите. Министерката за правда, Алма Задиќ, ја засили заштитата на деца и младинци, а стручњаците конечно гледаат дека долгогодишните услови се конечно исполнети и зборуваат за „прекретница во заштита на жртвата“. Оваа и многу други мерки беа превземени минатата година. Одлучно ќе продолжиме по овој пат во борба против насилството над жената. За мене, како подпаролка на жените, заштита од насилството останува главен приоритет.

„Каде сто насилството се тумачи како машкост и сила, а емоциите како слабост и недостаток на мажевност, тогаш имаме сериозен проблем и тоа мораме да го смениме”

Да ли постојат групи на жени кои се специјално загрозени? Какви се можностите за превентива, за да им се доближите подобро на овие групи?
Насилството над жените не познава економски статус, социјална припадност, географски граници, потекло или религијска приврзаност. Насилство над жените е проблем на патријахална надмоќ. Затоа мораме да бидеме одлучни во тоа што ќе ја засилуваме економската независност на жената. Една од причините поради кои жените остануваат во врските во кои владее насилство, е економската зависност од партнерот. Освен тоа, мораме да зборуваме за мажевност: каде што насилството се тумачи како машкост и сила, а емоциите како слабост и недостаток на мажевност, тогаш имаме сериозен проблем и тоа мораме да го смениме.

Многу организации спроведуваат одлична работа со децении: советување за мажи или педагошка работа со младинци и деца. Постои и еден пилот проект на тема граѓанска храброст: што да направам ако сум сведок на насилство во фамилија, или се сомневам дека истото постои? Сите овие иницијативи и организации се обидуваат да создадат општество во кое мажот и жената се рамноправни.

Член сте на Зелената партија од 2014 година. На положба сте во раководството на Зелениот пратенички клуб од 2020 година. Кои политички (или други) амбиции се сеуште на Вашиот дневен ред?
Јас сум страствен парламентарец, кој постојано се бори за постигнување на своите политички цели. Сакам да направам промени, подобрувања – и тоа е се! Што пишува на мојата визитна картичка, за мене е споредно. Покрај политиката, мој животен сон е да објавам роман.